НОВИ ДУШЕЦИ НА СТАРО-НОВИ КРЕВЕТИ, ИМА МЕСТО ЗА ПЛУС 100 ЗАТВОРЕНИЦИ - пуштено во употреба „петтото крило“, реновираниот дел на Идризово
Затворите во земјава биле страшни, но сега се прават инвестиции и тие треба да го вратат човечкото достоинство.
Директорот на Управата за изрекување санкции, Александар Пандов, заедно со директорот на Идризово, Зоран Јовановски, денеска оддржаа пресконференција, на која беше промовирано ткн. „Петто крило“, односно реновираниот дел на затворот „Идризово“.
Реновирањето на одделението што е од затворен тип ќе овозможи дополнителен капацитет за 100 затвореници.
Зградата во која е сместено петтото одделение, додаде тој, потекнува од 1946 година, но во 2019 со наредба од Комитетот против тортура (ЦПТ) било затворено поради нечовечки услови.
„Тоа било направено затоа што во претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ има започнато огромен проект за реизградба и во првата фаза се изградени отворено и полуотворено одделение кои се пуштени во употреба 2019 година. Во втората фаза до 2023 година сме требале да имаме изградено сосема нова зграда од затворен тип. За жал, претходната власт нема направено ништо и во тој дел е затворено петтото крило“, дополни директорот на УИС.
Реновирањето, како што информираше директорот на затворот, Јовановски, било финансирано од донации.
Инаку, Пандов рече дека ниту на филм нема видено затворски ќелии како оние во Шуто Оризари.
„Куче да врзеш во притворскиот дел во затворот во Шутка, за многу кратко време ќе попушти со паметот и со здравјето“, ја објаснува тој состојбата на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
„На филм немам видено такви затворски ќелии. Еве и сега повторно се наежив. Тое е страшно, под секое човечко достоинство. Да внесат таму здрав човек, со две чисти во главата, за кратко време ќе попушти. Ова е срамно за нас како држава. На СДСМ и на ДУИ треба да им биде срам што дозволиле луѓе да го преживуваат тоа зло“, рече Пандов.
