Нови дојави за бомби има во скопски училишта
Нови дојави за бомби има денеска за шест училишта во Скопје. Учениците и персоналот се евакуирани, а полицијата прави проверки.
Околу 14.30 часот е пријавено во полиција дека на мејл адреси на шест училишта во Скопје стигнала закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки. Минатата недела три дена по ред имаше лажни дојави за бомби во скопски училишта. Овие мејлови биле испратени од странство, соопштија претходно од полицијата. Лажни дојави за бомби имаше и во други земји од регионот, како Србија и Хрватска.
Слично
