Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕВЕТ СЛУЧАИ: Бројката на заболени од коронавирусот се искачи на 85

НОВИ ДЕВЕТ СЛУЧАИ: Бројката на заболени од коронавирусот се искачи на 85

Министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук објави нови информации за состојбата со коронавирусот:

„Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

„Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката“, напиша Филипче.

Слично

Поврзани вести