Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Избрани се судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски

НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Избрани се судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски

Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски се новите членови на Судскиот совет. 

Врховниот судија Лимани и судијата од битолското апелациско подрачје Камбовски се нови членови на судскиот совет, откако денеска судиите гласаа.

Лимани добил 7 гласа, а неговиот противкандидат судијката Цветанка Периќ, која иако се повлече сепак остана на избирачкото ливче, има 2 гласа.

Вкупно две ливчиња за избор на член на советот од редот на врховните судии се неважечки, а две воопшто не биле ниту искористени.

Од редот на судиите од битолското апелационо подрачје, над 40 судии бираа меѓу кандидатите Александар Камбовски, кој доби 28 гласа, потоа Татјана Сусулеска со 10 гласа и судијката Александра Поп-Стефанија од основниот суд Охрид 3 гласа.

Од вкупно 43 судии со право на глас од битолското апелационо подрачје, своето право го оствариле 42, а едно ливче било неважечко.

Слично

Поврзани вести