Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови „бомби“ за Јанакиески: Му се јавуваат и му се правдаат зошто не гласале

Нови „бомби“ за Јанакиески: Му се јавуваат и му се правдаат зошто не гласале

Вработени по разни институции му се јавуваат на Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, и му се правдаат зошто не излегле на гласање на денот од вториот зиборен круг на локалните избори во 2013-та.

Претставник на една фимилија го контактира Јанакиески и му вели дека не можеле да излезат на изборите бидејќи имале смртен случај во Штип.

“Оф мори мајко умрел”, следува коментар од Јанакиески.

Се јавува и наредува да се мобилизираат за гласање и вработени од Управата за јавни приходи.

:“Абе овие од УЈП не излегле на гласање, нека им најдат адреса и дома нека им одат!”, вели тој во еден разговор.

Еден од вработените му вели “Еве јас и баба ми ја вадам на 92 години да гласа, не пак другите”, а друг соговорник пак му дава извештај дека од 201 гласачи кои ги има на список, претежно вработени во училишта, само четворица не излегле на гласање.  


Слично

Поврзани вести