Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови банкноти во Македонија од 200 и од 2000 денари

Нови банкноти во Македонија од 200 и од 2000 денари

Нови банкноти ќе се во­ве­дат во земјава, а граѓаните наскоро ќе може да плаќаат со книж­ни па­ри од 200 и од 2 илјади денари. Од На­род­на­та бан­ка новите идеј­ни и ли­ков­но-гра­фич­ки ре­ше­ни­ја за бан­кно­ти­те ќе ги бараат на јавен конкурс, а како што соопшуваат оттаму, се јавила потреба за нивно воведување.

Од НБРМ посочуваат де­ка со банкнотите од 200 и 2000 денари ќе се урам­но­те­жи по­ба­ру­вач­ка­та и ќе се амор­ти­зи­ра до­се­гаш­на­та зго­ле­ме­на по­ба­ру­вач­ка на банкнотите со одредена вредност. „Во­ве­ду­ва­ње­то на но­ви­те апо­е­ни е ре­зул­тат на спро­ве­де­ни се­оп­фат­ни ана­ли­зи, врз ос­но­ва на кои е ут­вр­де­но де­ка со но­ви­те бан­кно­ти во апо­е­ни од 2.000 и 200 де­на­ри ќе се из­вр­ши ре­ба­лан­си­ра­ње на пос­тој­на­та апо­ен­ска струк­ту­ра и ќе се уб­ла­жи пре­го­ле­ма­та раз­ли­ка ко­ја пос­тои во мо­мен­тов ме­ѓу две пос­ле­до­ва­тел­ни де­но­ми­на­ции", об­јас­нуваат од На­род­на­та бан­ка. Според најавите, но­ви­те банкноти ќе би­дат пуштени во 2015 го­ди­на, а финансиските институции не оче­ку­ваат во­ве­ду­ва­ње­то на две­ил­ја­дар­ки­те и двес­тот­ки­те да вли­јае врз зго­ле­му­ва­ње на пот­ро­шу­вач­ка­та. „Пот­ро­шу­вач­ка­та ја дик­ти­ра ку­пов­на­та моќ на на­се­ле­ни­е­то, а не апо­ен­ска­та струк­ту­ра на па­ри­те во оп­тек,“ посочуваат од НБРМ. Инаку НБРМ понуди и награда за првите три најдбори идеи. Првиот добива 240 000 денари, вториот 200 000 денари и  третиот 160 000 денари. Исто така, посочија од Банката,  ќе бидат доделени уште три откупни награди со поединечен износ од по илјада евра.
Слично

Поврзани вести