НОВИ АНТИ-КОВИД МЕРКИ НЕМА: Комисијата за заразни болести не препорача зошто ситуацијата со Ковид-19 е мирна
На денешниот
состанок, членовите на Комисијата за заразни болести не препорачаа нови
рестриктивни мерки поради се поинтензивното ширење на делта вартијантата во
Европа, бидејќи кај нас и во регионот состојбата е стабилна.
Оттаму сметаат дека во Македонија ситуацијата со епидемијата е под контрола, заради што нема потреба од препорака за нови мерки. Инаку, доколку имаше нови мерки, пред се заради ширењето на делта варијантата, министерот за здравство Венко Филипче, уште во петокот изјави дека ти најверојатно ќе се се однесуваат на заштита на граничните премини.
Истовремено, надлежните посочуваат:
-Министерството за здравство ја следи епиедмиолошката состојба во земјава и регионот. Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, велат од МЗ.
Инаку, бројот на новозаразени во Македонија е во постојано опаѓање. Во земјава има само уште 151 активни случаи, од кои најмногу, односно 67 се во Скопје. Во дури 18 греадови во земјава нема ниту едно активно лице, односно заразени со корона вирусот.
A.Б.