Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 700 илјади евра за ограда на Археолошкиот музеј!

Нови 700 илјади евра за ограда на Археолошкиот музеј!

Дополнителни 700 илјади евра ќе потроши Министерството за култура за ѕидна облога од камен и ограда на скали и галерија во новиот Археолошки музеј.

Министерството за култура, на неколку месеци пред најавеното отворање на музејот, склучило Анекс договор нсо градежната компанија „Бетон“-Штип.

Дополнителните работи на објектот треба да бидат завршени за три месеци.

Од Министерството за култура не појаснуваат за каква ограда и ѕидна облога станува збор и зошто таа не била предвидена со првичниот договор за објектот.

Археолошкиот музеј - објект на седум ката со поткровје почна да се гради во 2009 година, а неговото отворање треба да се случи есенва. Во неговата изградба учествуваа владината Служба за општи и заеднички работи, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Слично

Поврзани вести