Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 50 ученици се позитивни на коронавирусот

Нови 50 ученици се позитивни на коронавирусот

Вчера се дијагностицирани нови 50 ученици позитивни на коронавирусот. 

Информацијата  денеска ја соопшти министерката за образование и наука, Мила Царовска. Вели дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни. 

„Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство“, рече Царовска. 

Таа објасни дека доколку се појави каква и да е потреба  од епидемиолошката служба или од Комисијата за заразни болести, Министерството е подготвено директно да се префрли на следен модел кој ќе биде препорачан, а трите модели се донесени и утврдени од Влада во соработка со Комисијата за заразни болести.

Во земјава Скопје има најмногу активни случаи на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести