Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 44 решенија за легализација во Кисела Вода

Нови 44 решенија за легализација во Кисела Вода

Уште 44 решенија за легализација на бесправно изградени објекти, денеска додели Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ.

- При легализацијата на дивоизградени објекти главна улога имаат граѓаните и општината. Ги повикувам сите граѓани да ја комплетираат својата документација. Крајниот рок за доставување на елаборатот е 18 јуни 2014 година, рече Беличанец - Алексиќ.

Таа додаде дека корист од процесот на легализација ќе имаат граѓаните, кои ќе станат сопственици на своите имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кои ќе бидат впишани и новолегализираните објекти.

- Со новите детални урбанистички планови, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките, рече Беличанец – Алексиќ

Слично

Поврзани вести