Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 30 компании котираат на берзата

Нови 30 компании котираат на берзата
Задолжителната котација, која во овој момент вбројува 30 компании, а до крајот на месецот уште дополнителни 60 компании се очекува да  донесе корист и за компаниите кои котираат и за берзата, како и за инвеститорите. -Факт е дека македонската берза, како и сите берзи во регионот во изминатите неколку години, минува низ тежок период што се должи на ризиците во европската економија и намалениот апетит на инвеститорите. Во такви околности понекогаш е потребно да се преземат и нестандардни и неконвенционални мерки како што е мерката задолжителна котација на фирмите на берзата“, рече Ставрески, додавајќи дека оваа мерка со текот на времето ќе се покаже како вистинска. Моменталната пазарна капитализација изнесуваше околу 26,6 милијарди денари или 5,5 отсто од вредноста на бруто домашниот производ, истакна Ставрески, кој смета дека тоа ниво е доста ниско, но сега, како што рече тој, сега со новокотираните 30 компании чија пазарна капитализација во моментот е 52 милијарди денари, вкупната пазарна капитализација ќе изнесува 78,8 милијарди денари или 16,4 отсто од вредноста на бруто домашниот производ на Македонија што е сосема задоволително и е над просекот во земјите во регионот. Според Ставревски компаниите не мора да се потпираат само на кредити како форма на финансирање, што ќе овозможи поголема конкуренција.
Слично

Поврзани вести