Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 24 заразени со коронавирусот, вкупната бројка достигна 201 лице

Нови 24 заразени со коронавирусот, вкупната бројка достигна 201 лице

Нови 24 случаи со коронавирус се потврдени денеска. Министерството за здравство информира дека во Скопје има (15), во Куманово (4), во Дебар (2), и по еден случај во Охрид,  Штип и во Тетово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

За најновата состојба со коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче, ќе одржи прес-конференција во 16 часот


Слично

Поврзани вести