Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ 20 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД -19: Почина 63-годишен пациент од Скопје

НОВИ 20 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД -19: Почина 63-годишен пациент од Скопје

За 24 часа направени се 744 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 20 нови случаи, од кои 16 се во Скопје, и по два во Куманово и Прилеп.

Од Министерството за здравство информираат дека во болницата „8 септември“ починал 63-годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а како позитивен бил потврден  ден подоцна.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти од кои 4 се од Скопје, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и двајца во Битола.

Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113.

Слично

Поврзани вести