Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 163 позитивни на Ковид-19, тројца починати

Нови 163 позитивни на Ковид-19, тројца починати

Во последните 24 часа има 163 нови позитивни на Ковид-19 од направени 1074 тестирања, од кои во Скопје има 70. При тоа во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на  15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.

Од останатите градови Куманово има 2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти заболени од корона вирусот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.


Слично

Поврзани вести