Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 1.500 позитивни, кај сите починати се регистрирани коморбидитети

Нови 1.500 позитивни, кај сите починати се регистрирани коморбидитети

Денеска од Министерството за здравство се регистрирани 1.500 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Скопје – 775. Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .

Истовремено во последните 24 часа сe 522 оздравени пациенти. Евидентирани се 10 починати лица:  по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица од 13 јануари до 3 февруари, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Кај сите 16 починати лица се регистрирани коморбидитети, а тројца биле целосно вакцинирани.


Слично

Поврзани вести