Новата влада од утре ги засукува ракавите
Министрите од владата на премиерот Зоран Заев утре седнуваат на првата владина седница. Закажна е за попладне, а според сознанијата седницата ќе трае неколку часа. Засега, никој официјалано не кажува што ќе бидат првите точки на дневен ред на оваа владина седница.
Темите се уште велат се прецизираат, и ќе бидат соопштени утре. Сепак според информациите на Телевизија 24, освен конкретните точки кои може да се најдат на дневен ред на седницата можно е да се отворат и прашања за разрешувања на актуелните директори на државните фирми и институции, и назначувањето на нови.
Ќе треба да се утврди постапката, како и кога ќе се спроевде назначувањето на вториот и третиот ешалон од власта. Владата, дополнително треба да избере и генерален секретар, чие име засега не се открива, иако во игра се повеќе опции. И додека, владата се подговтвува за првите чекори, граѓаните очекуваат подобрување на животниот стандард.
