Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата Влада нема да чека: Ќе повлече 90 милиони евра од Светска банка кои ги „кочеше“ Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ

Новата Влада нема да чека: Ќе повлече 90 милиони евра од Светска банка кои ги „кочеше“ Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ

Одблокирање на кредитот од 90 милиони евра за здравствени потреби од Светска банка, ќе биде една од првите одлуки на Владата која синоќа беше изгласана во македонското Собрание. Станува збор за заем кој според министерот за здравство Венко Филипче требаше да биде наменет за зајакнување на капацитетите на здравството за справување со КОВИД-19, за набавка на медицинска опрема, за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи, но и за финансирање на други потреби кои произлегле од кризата.

Сепак дополнителната заменик министерка во Министерството за финансии во Пржинската Влада која ја делегираше ВМРО -ДПМНЕ Гордана Димитреска -Кочоска одбиваше да стави потпис на овој заем. Додека СДСМ тврдеше дека таа го блокира поволниот заем, Кочоска велеше дека нема доволно силни аргументи за што точно ќе се трошат парите. 

Сепак случајот во јуни доби и друг тек откако Кочоска за Фактор изјави дека самата министерка за финансии, Нина Ангеловска, со писмо ја известила Светска банка дека итниот поволен кредит од оваа меѓународна финансиска институција од 90 милиони евра, ќе биде повлечен по завршувањето на парламентарните избори во земјава.

Државната изборна комисија во меѓувреме донесе одлука дека овој заем Ангеловска може и самата да го потпише и парите да се повлечат без потписот на дополнителната заменичка Кочоска. Сепак сега веќе екс министерката самата со писмо ја известила Светска банка дека кредитот треба да се повлече по изборите.

А.Т.

Слично

Поврзани вести