Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата Влада мора да ги запре барокните проекти на ВМРО-ДПМНЕ!

Новата Влада мора да ги запре барокните проекти на ВМРО-ДПМНЕ!

Прва и клучна задача на новиот министер за финансии ќе биде да ги среди јавните финансии, сметаат економистите.  При тоа, се порачува дека годинава ќе биде неопходен ребаланс на буџетот, каде во фокусот ќе биде кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на транспарентноста. Според, економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, развојните аспекти ќе може да дојдат на ред дури следната година, до кога новата влада ќе има време да направи анализа на политиките што сака да ги спроведе и да донесе свој буџет.

Во првите три месеци од годинава, според официјалните податоци за реализација на буџетот, во делот на капиталните инвестиции може да се забележи огромно потфрлање, односно од вкупно планираните  440 милиони евра за годинава, во првите три месеци се реализирани 82 милиони евра. Темпо кое јасно укажува дека е јасно оти нема да се достигне планираната реализација  на капиталните инвестиции,  кои пак за годинава беа најавувани на историско највисоко ниво. Сепак, економистите порачуваат дека новата влада – треба да ги преиспита и да направи приоритети за она што ќе продлжи да се реализира.

„Новата Влада не треба да се труди по секоја цена да ги реализира инвестициите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има најавено во буџетот, зашто голем дел од овие инвестиции веројатно се непродуктивни, како барокни фасади, згради во склоп на Скопје 2014 и слично, смета Јовановиќ.

Сепак слабата реализација на капиталните инвестиции во првите три месеци од годинава за Јовановиќ не е изненадување, бидејќи сите години назназад се најавуваа високи суми, кои потоа со ребалсните секогаш се кратеа и на крајот реализацијата стигнуваше до околу 77 отсто од скратените суми.

„Воопшто не ме чуди, слабата реализација на капиталните инвестиции, затоа што владите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години секогаш сериозно потфрлаа кога се јавните инвестиции во прашање. Просечната реализација изнесуваше само 77% од најавите, или, со други зборови, не беа реализирани 800 милиони евра најавени инвестиции. Причината е јасна – тие инвестициите ги гледаа како пропагандно средство, па секогаш кога се носеше буџетот ги најавуваа како рекордни и историски, иако веројатно и самите знаеја дека нема да ги реализираа, вели Јовановиќ

Од СДСМ пак порачуваат дека веднаш по превземањето на власта, јасно е дека ќе биде направена соодветна анализа и за капиталните инвестиции.

„Идната Влада ќе ги разгледа сите можности како да се санира финансиската состојба во државата. Едно е јасно, ќе бидат запрени непродуктивните трошења во државата, вели Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт во СДСМ, и додава дека под водство на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот долг во првиот квартал од годинава во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра.  

Инаку, за годинава се најавуваа капитални инвестиции на историско највисоко ниво, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во која насока ќе продолжи реалицијата, и кои ќе бидат проектите кои први ќе се најдат на удар, ќе се знае по поревзземањето н власта од страна на СДСМ, и ребалансот на буџетот што неизвесно е дека ќе мора да биде направен. 

Н.С.

Слично

Поврзани вести