Новата полициска единица започнува со работа
Новата Единица за интервентна полиција започнува со работа, а денеска ќе биде промовирана во полицискиот центар Ѓорче Петров.
Формирана е од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт.
Како што претходно беше најавено, ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука.
Стартот на работата ќе го означи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Слично
