Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата парламентарна група загрижена по мерките на СЈО

Новата парламентарна група загрижена по мерките на СЈО

Исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени и обезбедија двотретинско мнозинство на собраниската седница на 19 октомври се загрижени по притворањата на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Тие за ТВ21 изјавија дека последните мерки на СЈО не одат во прилог на национално помирување кое премиерот Зоран Заев го најави и за кое се подготвува законско решение.

„Последните процеси и мерки покренати од СЈО не одат во прилог на нашите напори за национално помирување, кои беа промовирани и од премиерот Заев. Мерката притвор не треба и не смее да се злоупотребува во овој клучен период за нашата држава додека ние се обидуваме да градиме доверба и консензус за сите отворени прашања. Ние пред месец дена направивме државнички чекор, редно е да и другите институции и поединци ја разберат важноста на моментот и да постапуваат државнички“, велат исклучените од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести