Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВАТА НАДЕЖ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД, ЛЕКОТ ИВЕРМЕКТИН - доби зелено светло и набргу доаѓа и во Македонија

НОВАТА НАДЕЖ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД, ЛЕКОТ ИВЕРМЕКТИН - доби зелено светло и набргу доаѓа и во Македонија

Лекот кој се смета за голема надеж и како ефикасен за лекување на болни од коронавирусот, Ивермектин, добил зелено светло од Комисијата за заразни болести. Официјалниот документ се очекува денеска да стигне во Агенцијата за лекови.

Оваа информација за неколку медиуми ја потврдил и директорот на Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, Лирим Шабани.

Според него, по добивањето на документот, веднаш ќе почнат со процес на увоз на инвермектинот, но битно е колкава количина ќе биде потребна. 

Се очекува дека во следните денови овој лек би почнал да се употребува за лекување на болните од ковид, или според Шабани, тоа е прашање на денови. Треба да се почека да завршат сите административни процедури, за овој лек да може легално да почне да се увезува во земјава. 

Микробилогот Никола Пановски за Канал 5 изјавил дека ја поздравува ваквата одлука. Според анализите кои ги видел, ивермектинот е одличен лек во сите фази од лекувањето на болните од коронавирусот. Сепак, овој професор објаснува дека лекот треба да го препише доктор и да не се зема на своја рака. Може да се земе како заштита, но има точно како и во кој период.

Инаку, според информациите, овој лек чини десет евра. Некои граѓани од земјава, пак, го набавувале од Грција, по цема од околу 20 евра. 

Информациите покажале дека овој лек помага да се намали долготрајноста на хоспитализацијата и на смртноста, а ако се даде во првата фаза од болеста, тогаш помага симптомите да не прогресираат.

Меѓутоа, како што пишува Слободен печат, МАЛМЕД ќе се најде пред сериозен предизвик, како да ги разубеди компаниите, добавувачите и фармацевтските компании да се зафатат со дистрибуција и увоз на овој лек, со оглед дека е многу евтин, и едноставно ,,не е лек за бизнис“.

Слично

Поврзани вести