Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позната цената на новата книга на Љубчо Георгиевски

Позната цената на новата книга на Љубчо Георгиевски


Новата книга на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, инаку негова втора, излезе од печат под наслов „Мојата македонска приказна: Каде одиш, Македонијо?”. 
Делото на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ има околу 400 страници и ќе чини 500 денари.
Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело. Тема се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина ВМРО-ДПМНЕ. 
Книгата опфаќа околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политички живот. 

Слично

Поврзани вести