Новакоски за ДИК: Секое доцнење создава простор да се створи недоверба
Експерименти не се прават неколку дена пред избори, пишува поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски на својот Фејсбук профил.
Вели дека ова што го прави ДИК сега, се прави во текот на ноќта.
„И од најдалечната точка од државава, до Скопје се стигнува за 3 часа. Секое доцнење создава простор да не се признаваат резултатите, да се створи недоверба и шпекулации. Експерименти не се прават неколку дена пред избори“, пишува Новакоски.
Веб страницата на ДИК не работи од синоќа од 21 часот.
ДИК уште нема излезено со конечни информации за изборните резултати и за поделбата на мандатите.
Слично
