Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЖРТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: загина мотоциклист на патот Дебар - Струга

НОВА ЖРТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: загина мотоциклист на патот Дебар - Струга

Мотоциклист денес загина во сообраќајна незгода која се случи на патот Дебар - Струга. Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 14:30 часот во близина на селото Отишани.

Во несреќата учествувале патничко возило со скопски регистарски таблички и мотоцикл со кичевски регистрации. Според очевидци, во незгодата животот го загубил возачот на мотоциклот.

На местото на настанот увид врши истражна екипа и сообраќајната полиција. Истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата во која животот го загуби едно лице.

Претходно денеска од АМСМ информираа дека сообраќајот на патниот правец Дебар - Струга е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа.

Слично

Поврзани вести