Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова водоводна мрежа на ул. „Шарпланинска“

Нова водоводна мрежа на ул. „Шарпланинска“

Во Општина Ѓорче Петров,во населбата Даме Груев, стартуваше изградбата на нова водоводна мрежа на улицата “Шарпланинска”.

Како што соопшти општината, изградбата ќе овозможи поквалитетно водоснабдување на жителите и стопанските објекти.

Старата водоводна инсталација беше со мал капацитет и не ги задоволуваше потребите на потрошувачите.

Должината на новата водоводна мрежа ќе изнесува 650 метри со профил на цевките од Ф150. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Ѓорче Петров.

Слично

Поврзани вести