Нова водоводна мрежа од околу 1.000 метри во Бардовци
Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување
на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна
линија во Бардовци, во должина од околу 1000 метри, соопштија денеска од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Велат дека континуирано работат на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.

„Изградбата и поврзувањето на новата водоводна линија во должина од околу 1000 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 110мм и 90мм во Бардовци е дел од активностите кои се предвидени со инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната мрежа за корисниците во град Скопје“ - истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.
