Нова тура „бомби“ со наводни разговори од Беџети, Меџити и Јанкулоска
Доцна синоќа Ел Чека или Ш.А. на својот фејсбук-профил објави нови прислушкувани разговори за кој тврди дека се од поранешниот вицепремиер Муса Џафери, екс министерот за правда и актуелен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, и екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Инаку во „бомбите“ се зборува за албанскиот јазик а се споменуват и Штип, Белград и УДБА како и сменетиот директор на Гинекологија Ваљон Беља. Главна тема на разговорот што се води меѓу нив е и како да го намалат медиумскиот интерес за барањето на македонските власти за екстрадицијата на дел од учесниците во настаните во Диво Насеље.
Профилот Ел Чека тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група која лежи во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими. На својот профил Ел Чека вели дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље - командант Соколи и дека се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.
МВР по првите објавени разговори објави дека откри кој стои зад профилот Ел Чека и дека било побарано од Фејсбук тој профил од Чикаго да биде блокиран. На ова, сопственикот на профилот одговори дека неговиот фејсбук е отворен, односно е јавен.
