Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ - Почина младиот ракометар Андреј Петрески

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ - Почина младиот ракометар Андреј Петрески

Трагична вест доаѓа од ракометниот тим Аеродром, ненадејно почина младиот ракометар и нивни член Андреј Петрески.

Талентираниот Андреј кој имаше само 19 години починал во неговиот дом и со тоа го зави во црно неговото семејство, македонската јавност и македонскиот ракомет.

Популарниот Штурче кој играше на позицијата лево крило, целата своја досегашна кариера ја мина во Аеродром.

Погребот ќе биде на гробиштата во Камник, а претходно неговото семејство, пријатели, познаници ќе можат да се „поздрават“ со него (12:30 часот) во капелата на гробиштата во Бутел.

Младиот ракометар десетина години го носеше дресот на новиот суперлигаш, РК Аеродром и беше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија за настапот на претстојното Светско првенство.

Во последните две години ова е втора ваква трагедија во најпопуларниот спорт во Македонија. На 3 јули 2021 година на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел, Марко Божиновски.

По објавата за прераната смрт на младиот Андреј, на Фејсбук голем број луѓе изразија сочуство до фамилијата на прерано заминатиот ракометар. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести