НОВА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: бизнисменот Радомировиќ пронајден со тешки повреди, почина на пат кон болница
Бизнисменот Чедомир Радомировиќ синоќа починал на пат кон скопските клиники како последица на тешките повреди на главата добиени најверојатно од огнено оружје.
Радомировиќ бил пронајден во близина на скопското село Орман, покрај паркиран автомобил, а веднаш до него, како што јавуваат медиумите, биле пронајдени пиштол и чаура.
Екипата на Итната медицинска помош го пронашла Радомовиќ застрелан со раскрварена глава, а покрај него имало пиштол и чаура.
Поради сериозноста на повредите, и покрај брзата интервенција, тој веднаш бил ставен во возило да биде пренесен на скопските клиники каде требало да биде хоспитализиран, за жал повредениот Радомировиќ им подлегнал на повредите.
Од полицијата велат дека е поведена истражна постапка и не соопштуваат дали станува збор за убиство или самоубиство.
Најавуват дека повеќе информации може да се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Радомировиќ беше близок до поранешните високи партиски структури на ВМРО ДПМНЕ, особено до некогашниот партиски секретар Борис Змејковски.
Беше еден од ретките бизнисмени кои во опозициските денови на оваа партија во 90 години од минатиот век финансиски ја потпомагаше.
Радомировиќ беше основач и сопственик на Радо Банка, која пропадна во 2005 година откако Народната банка на Македонија констатира дека е неликвидна и не може да ги извршува налозите за плаќање.
Тој исто така ја имаше компанијата „Техноком“.
