Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова трагедија - Мајка и син изгореа во Битола

Нова трагедија - Мајка и син изгореа во Битола

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Во пожар во семејна куќа во Битола животот го загубиле мајка и син. 

17-годишно момче Д. А. заедно со неговата мајка Ф.А. изгореа рано утрово во пожар што избувнал во нивната куќа на улица „Девеани“ број 115 на периферијата од Битола.

Соседите раскажуваат дека пожарот избувнал утрово по три часот утрово.

Куќата била цела во пламен и не можело ништо да се стори за да се спасат мајката и синот.

Причината за пожарот не се знае. Семејството се греело на дрва, а вклучувале и греалка. Од полицијата извршија увид на местото на несреќата.


Слично

Поврзани вести