Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова стратегија за платен биланс, ќе паднат цените за платежните услуги?

Нова стратегија за платен биланс, ќе паднат цените за платежните услуги?

Со новата Стратегијата за развој на платниот систем од 2013-2017 година, надлежните најавуваат вопспоставување сигурен и ефикасен систем, усогласен со меѓународните стандарди и голема прифатеност на безготовинските инструменти.

Според гувернерот на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов оваа стратегија претставува заедничка визија на сите релевантни учесници во националниот платен систем за насоката за насоката во која треба да се развива.  Стратегиските насоки, додаде Богов, произлегуваат и од јасната ориентација на Република Македонија да стане членка на ЕУ, а со тоа и НБРМ да стане дел од европскиот систем на централни банки.

За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Стратегијата е потврда за придонесот и ефикасноста на веќе воспоставената соработка и доказ за сериозната намера за заедничко, континуирано следење и унапредување на платните системи во државата, преку реализација на стратегиската насока за развој.

„Реформата на платниот систем беше една од најуспешните реформи во Република Македонија спроведена во изминатите десетина години. Со новата Национална стратегија за развој на платните системи 2013-2017 година која што денес ја потпишавме продолжуваме во насока на модернизација на платните системи во Македонија, нивно усогласување со европските стандарди, намалување на безготовинското плаќање. Настојуваме да овозможиме да се намалат и цените за платежните услуги и самиот факт дека во денешното поптишување учествуваат трите главни чинители покажува дека постои висок степен на координација и во делот на дефинирање на стратегиските цели и во делот на оперативните инструменти за нивна реализација“, истакна Ставрески

Од здружението на банкарството пак, посочија дека новата стратегијата е логичен пат за развој на овој дел во Македонија.

„Ние останавме на тоа ниво, како се развиваше Македонија, ние правиме надоградба на тој закон. Во 2007. се формира Совет за национална стратегија за платните системи во кои стално се надоградуваше и се усовршуваше и дојдовме сега до едно ниво да имаме сигурен стабилен платен систем во кој банките се носители на  платниот систем“, претседателот Ѓорѓи Јанчовски.

Слично

Поврзани вести