Нова сезона на изнајмување велосипеди во Скопје
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје од денеска официјално ја започнува новата сезона за изнајмување велосипеди во главниот град. Велосипед може да се изнајми секој ден од 7 до 23 часот, по цена од 10 денари за час.
Велосипеди се изнајмуваат на четири локации: катна гаража Св.„Кирил и Методиј“, јавните паркиралиште Градска Општа Болница и Градска Општа Болница „8ми Септември“ и јавната површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер) во Општина Аеродром, соопшти ЈП „Градски паркинг“ Скопје.
Од таму апелираат до граѓаните совесно и внимателно да ги користат велосипедите.
Слично
