Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова серија споменици во Скопје?

Нова серија споменици во Скопје?

Нова серија на споменици во раните утрински часови беа набрзина поставени во центарот на Скопје. Спомениците кои прикажуваат светци ќе ја красат административната зграда која се гради до Македонската опера и балет, објави ТВ24.

Договорот за изградба на зградата бил склучен во 2015 година и чини 10 милиони евра со ДДВ, а во него е вклучено и поставување на споменици, во договорот наведени како занаетчиски услуги.

Во раните утрински часови поточно во 3 часот и 30 минути по полноќ, повторно беа поставувани споменици во централното градско подрачје. Нема одговор за кои светци станува збор и зошто се поставуваат споменици за време на викенд по полноќ. 

Слично

Поврзани вести