Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА СЕДНИЦА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Пропадна и 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен

НОВА СЕДНИЦА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Пропадна и 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен

Пропадна и 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен суд. 

Уставните судии и денеска не избраа наследник на Добрила Кацарска. По два дена гласање никако да се обезбеди потребно двотретинско мнозинство, односно шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. Од Уставен суд соопштија дека нова седница е закажана за во понеделник. Судиите се договорија седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. Инаку, Кацарска кажа дека трпела закани, но и дека лице во Грција ја нападнало, односно добила клоца поради пресуда поврзана со екс премиерот Никола Груевски. 

Слично

Поврзани вести