Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова сеча на дрвја кај ГТЦ, Коце тврди биле поткастрени неколку грмушки

Нова сеча на дрвја кај ГТЦ, Коце тврди биле поткастрени неколку грмушки

Утринава дел од медиумите објавија дека кај ГТЦ се исечени дрвја. Причината за ова кастрење на е позната, а од кабинетот на таткото на градот дематираат дека се работи за сеча.

Од Град Скопје тврдат дека на ова место  се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што се наведува.

„Станува збор за грмушки од видот taxus baccata, и дека не станува збор за дрва јасно се гледа на фотографиите кои беа објавени од овие портали. Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети“, сооштуваат од кабинетот на Коце Трајановски.

Оттаму потенцираат дека во периодот што следи овој простор ќе биде хортикултурно уреден.

На сечатa реакција стигна и од Општина Центар.

ФОТО: А1он

Слично

Поврзани вести