Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ: Грчките медиуми навестуваат нов предлог?

НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ: Грчките медиуми навестуваат нов предлог?

На преговорите за надминување на разликите во името утре и задутре во Брисел ќе присуствува преговарачот, Васко Наумовски заедно со дипломат од Министерството за надворешни работи. Истиот формат е договорен со медијаторот Метју Нимиц. 

Според пишувањата на грчките медиуми можно е Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Пред почетокот на oваа рунда преговори, Нимиц за Независната Балканска новинска агенција изрази надеж дека овојпат  ке бидат надминати  црвените линии поставени од Атина и Скопје.

Оптимист е и премиерот Зоран Заев. Според него, или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. 

„Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото“ - вели тој. 

Последната формална рунда разговори на медијаторот со преставниците на двете држави беше одржана во Њујорк во ноември 2014 година.

Слично

Поврзани вести