НОВА РАБОТНА НЕДЕЛА: Еве какво време не очекува од понеделник до петок
Нова работна недела е пред нас а за разлика од минатонеделните горештини оваа ќе биде значајно попријатна.
Денеска се најавува посвежо време со локални појави на дожд.
Утре се најавува пооблачно време со ветер од север.
Температурата во однос на понеделник ќе бележи пораст, а максимумот останува под 30°С. До околу 30°С се очекуваат во гевгелискиот регион во јужните краеви од државата.
Од среда до петок не очекува поведро време со раст на температурите од ден во ден .
Најтопол ден од оваа работна недела ќе биде петокот кога се очекуваат максимални температури од 29°С и 33°С во северозапад и 33°С и 36°С долж повардарието и во југоисточните краеви.
Слично
