Нова пратка со вакцини стигна во Македонија
Нова пратка со вакцини стигна вчера во земјава.
Станува збор за 12.870 дози вакцини „Фајзер“ и тоа е редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
Како што соопшти Министерството за здравстви, денеска се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca.
„Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос“, соопштија од Министерството за здравство.
Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек.
foto freepik
Слично
