Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова понуда или прераспределба, но секој со свое место за вработувањата според Рамковен

Нова понуда или прераспределба, но секој со свое место за вработувањата според Рамковен

Нова понуда или прераспределба, но секој ќе добие работно место.

Вработените според Рамковен договор кои се без работни места, ќе добијат понуда  да одат на работа не само во јавната администрација како досега, туку во целиот јавен сектор, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој рече дека ќе има и транфер и ќе се отвораат работи места и во градинки, здравствени установи, јавни претпријатија.

„Она што ќе го направиме, некаде нема да најдеме соодветно разбирање со луѓето, односно нема да биде прифатливо она што им се нуди и тогаш се применуваат законските одредби каде што овие луѓе се ставаат на трансфер листа, значи не се отпуштаат од работа, туку се ставаат на располагање на други институции и ќе си добиваат понуди како сите оние кои што добиваат кога доаѓаат на трансфер листата во јавната администрација“, изјави Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација

Експертите со сомневање дека на некои ќе им се допадне работата којашто ќе им се одреди. Велат дека распределувањето на административците по работни места е политичка одлука.

„Кој од тие се во Македонија, кој се во странство, кој се пред пензија, тоа мислам дека треба поединечно со сите да ги повикаат, да се изјаснат дали ќе работат или нема да работат. Но, сепак ова е класична политичка одлука. Ако во понеделник таа постапка се покрене, треба во јавен сектор да се прераспределат затоа што во приватен сектор нема правен основ“, вели Борче Давитковски, универзитетски професор



Слично

Поврзани вести