Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ПОЛИТИЧКА БУРА: Пристигнаа барањата за помилување кај Иванов

НОВА ПОЛИТИЧКА БУРА: Пристигнаа барањата за помилување кај Иванов

Барањата за помилување од осудените од „27 април“, кои добија од осум до 18 години затвор за настаните со упадот во Собранието, се пристигнати кај претседателот Ѓорѓе Иванов, потврдуваат од неговиот кабинет.

Оние кои би можеле да бараат аболиција се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. 

На листата наводно се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и некогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Не е исклучено да има уште неколкумина други поранешни функционери.



Слично

Поврзани вести