Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ОСТАВКА ОД РАКОВОДНО МЕСТО ПОД ИНГЕРЕНЦИИ НА ГРАД СКОПЈЕ - Здравјето е поважно, вели директорот на Паркови и зеленило

НОВА ОСТАВКА ОД РАКОВОДНО МЕСТО ПОД ИНГЕРЕНЦИИ НА ГРАД СКОПЈЕ - Здравјето е поважно, вели директорот на Паркови и зеленило

Повторно бранување на директорките места под ингеренции на Град Скопје. 

Денеска на фејсбук профилот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ осамна порака од сегашниот директор кој заминува од кормилото. 

Како што пишува во постото, директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесува оставка, а како што е наведено на официјалниот фејсбук профил на претпријатието, оставката ја дава поради здравствени причини.

- Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и зеленило’. И’ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција - стои во објавата.

Реџепи на функцијата дојде минатата година во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Градоначалничката пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести