Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова опрема за 24-часовно снимање на програмите на радио и ТВ станици

Нова опрема за 24-часовно снимање на програмите на радио и ТВ станици

Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе биде пуштена во употреба нова опрема за мониторинг на медиумските содржини. 

Таа е финансирана од Европската унија. Опремата чини околу 800.000 евра, а ќе овозможи континуирано 24-часовно снимање на програмите емитувани од лиценцираните радио и ТВ-станици.

На завршниот настан со кој се заокружува проектот „Обезбедување опрема на мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, ќе се обратат директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.


Слично

Поврзани вести