Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА МЕТОДOЛОГИЈА: Ќе бидеме ли уште долго во чекалната на ЕУ?

НОВА МЕТОДOЛОГИЈА: Ќе бидеме ли уште долго во чекалната на ЕУ?

Со новата методологија на ЕУ и земјите-членки ќе можат да ги суспендираат преговорите за членство. 

Но, екстремен случај преговарите ќе бидат ставени во мирување. 

Од реализирањето на реформите ќе зависи темпото на преговорите. Ова е дел од новата методологија која утре ќе да ја објави Европската комисија. 

Методологијата овозможува повторно отворање на затворени поглавја ако има потреба.  На оваа тема пишуваат светските медиуми. 

„Ако ја ставите животната средина во првите сектори пред да можете да преминете на следните, тоа значи дека ќе останете заглавени дваесет години врз еден сектор, градовите на западниот Балкан се меѓу најзагадените на свет“, изјави Кати Пири, потпретседателка на Европските социјалдемократи. 

За Европските Социјалдемократи предлогот на Париз не е целосно прифатлив. 

Нацрт методологијата треба да ја усвојат сите 27 земји членки на унијата, на Европскиот Совет кон крајот на март. 

Има одредени сигнали дека францускиот претседател Емануел Макрон може да попушти и Македонија во пакет со Албанија да добие датум за старт на преговори со ЕУ. Можно е блокадата за Скопје и Тирана да биде тргната. 

Слично

Поврзани вести