Нова купопродажба на акции на познатата винарска визба Тиквеш - еве која компанија инвестираше
Нова купопродажба на акции на познатата винарска визба Тиквеш се реализираше, за што компанијата известува преку Македонска берза.
Согласно правилата за котација на берзта, Тиквеш објави дека со нови акции се стакнува М-6 ЕДЕН ДОО Скопје.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Согласно член 38 став 1 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштвото за инжинеринг и услуги М-6 ЕДЕН ДОО Скопје се стекна со 17.656 акции односно 6,53 отсто од вкупниот број обични акции издадени од ВВ-ТИКВЕШ АД-Кавадарци - се посочува во објавата поставена на веб страната на Македонска берза.
Инаку М-6 ЕДЕН ДОО е компанија која е доминантен сопственик на фирмата М-6 ДОО.
Втората спомената компанија пак е мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци.
Слично
