Нова кривична за екс градоначалник
СВР Струмица поднесе нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов (51), како и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци.
Тој се сомничи дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување", а второпријавениот за „Поттикнување". В.С. на 27 септември 2012 година на второпријавениот му издал решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект - куќа, за објект за кој не биле исполнети условите за легализација и утврдување правен статус согласно со законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Според полицијата, поранешниот градоначалник на општина Василево со тоа постапил спротивно на законот, со што му овозможил на второпријавениот, кој е вработен во Општина Василево, да се стекне со противправна имотна корист".
