НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДЕХАРИ - МВР со уште една постапка против поранешниот градоначалник на Кичево
Кривична пријава покрена Министерството за внатрешни работи против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари поради „несовесно работење во службата“.
Како што наведуваат во соопштението, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
- Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен државен орган - се појаснува во нивната објава.
Ова не е прва кривична пријава за некогашаниот градоначалник на Кичево. Во текот на летово МВР поднесе кривична прјава против Дехари затоа што дозволил формирање на дива депонија на повеќе илјади квадратни километри.
Слично
