Нова компанија во локалната економска зона „Илинден 1“
Во локалната економска зона „Илинден 1“ во општина Илинден ќе работи уште една компанија. Станува збор за „Мулти шпед“ која се занимава со шпедиција и транспорт.
Новиот инвеститор планира да изгради објект на површина од 1.170 метри квадратни и да вработи околу 15 лица.
На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.
Во последните неколку години во 9-те локални економски зони се поставени 110 камен темелници на нови стопански објекти, од кои 75 веќе работат и се отворени над 1.500 нови работни места.
Слично
