Нова катна гаража и Барокни сендвичарници ќе никнат во Скопје
Преку електронско јавно наддавање државата нуди на продажба градежна парцела во Општина Центар во близина на републичкото Собрание наменета за изградба на катна гаража, како и шест парцели за изградба на сендвичарници.
Парцелата за катната гаража е со површина од 2.455 метри квадратни. Почетната цена за наддавањето изнесува 1.850 денари за метар квадратен, а пријавите можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на наддавањаето изнесува 50.000 евра во денарска противвредност.
- Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје и со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Шесте локации наменети за изградба на сендвичарници, за кои денеска, исто така, има објава, се со површина од по 8 метри квадратни. Најповолните понудувачи треба да ги изградат објектите во согласност со понуденото идејно решение на град Скопје, изработено од Жарко Чаушевски,познат по веќе реализираните барокни фасади во центарот на градот. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество е 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на јавното наддавање е 30.000 евра.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.
Слично
