Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова кампања на општина Центар за ставање крај на комуналните проблеми

Нова кампања на општина Центар за ставање крај на комуналните проблеми

Општина Центар започнува кампања за ставање крај на комуналните проблеми и за чистење на општината.

„Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да го оствариме мораме да работиме сите заедно“, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.



Градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ  на својот Фејзбук профил напиша:

 „Ги повикувам сите граѓани преку смс порака или на вибер на телефон 076 313-387 да пријават комунален проблем.Во четврток, 22.02.2018 година ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Се повикуваат жителите од 08:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот да ги изнесат и да ги остават пред влезовите на зградите.“ 

Слично

Поврзани вести