Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА: Какви забелешки имаат ВМРО-ДПМНЕ за работењето на Садула Дураку?

НОВА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА: Какви забелешки имаат ВМРО-ДПМНЕ за работењето на Садула Дураку?

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска поднесоа интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.

За интерпелацијата на Дураку, пратениците како причина го наведуваат тоа што тој е „виновен за крајната негрижа и неодговорност за животната средина“. Велат дека „повеќе од три месеци граѓаните на Струга живеат во канцероген чад, граѓаните на Тетово и на Куманово мака мачат со дивите депонии, додека една третина од територијата на Република Македонија е во пламен и се кратат средства од буџетот за рехабилитација на деца кои биле жртви на загадувањата во нивните средини“.

„За сето ова ниту една институција не смогна сили да им излезе во пресрет на граѓаните бидејќи за Владата и за Министерството за животна средина и просторно планирање приоритет се партиските вработувања и назначувањето на неспособни и некомпетентни директори и функционери во институциите“ – вели пратеничкатаод ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. 

Дураку е петтиот министер за ВМРО-ДПМНЕ оваа недела поднесува интерпелација.

Претходно интерпелација беше поднесена за министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министeротза надворешни работи, Никола Димитров и за финансии, Драги Тевдовски.

Слично

Поврзани вести